Христови Патишта

Независна информативна страна од гледна точка на многу истражувачки области и духовни спознавања.

  враќање на почетната страна: други понуди и јазици.

 

Патиштата на Исус Христос во човечката свест и на земјата.

Список на содржината на сите делови.

За 1-от. дел: Глава за чекорите во Евангелијата - кликнете овде.

За 2-от. дел: Чекорите во Јовановото Откровение - кликнете овде.

Ова е 3-от. дел: глава на разни теми и животни прашања:.

За долните глави морате во потполност да ги отворите страните9.   Молитва за мир, животот и земјата' 
9.   Молитва за мир, животот и земјата
2.   Основи на етичките вредности
5.   Кратко поправање на современите “приказни кои откриваат се за Исус
6.   Природните науки и верата во Бог
--    Свест, мозок и слободната волја на човекот.
7.   Исус и прашањата за исхрана
8.   Исус Христос и исцелувањето - денес
9б. За христијанското благословување
9ц. Поплакувањето како можен составен дел на христијанската пракса.
9д. Христијанскиот пат секојдневно животно доживување
10. Христијанските гледишта за економијата и социјалните прашања
11. Христијански гледишта за општеството и политиката
12. Филозофијата и христијанството – Коментар за Хабермасовиот говор за “Верата и знаењето”
15. Општи христијански гледишта за еколошките прашања
16. Нероден живот
13. Нашите нови германски / англиски тематски страни

За 4-от. дел: За Стариот Завет, и допринос за дијалог со другите религии.

Упатување кон други верзии и права.
е-маил.

 

Молитва за мир, животот и земјата

Составена е така да во првиот дел без многу објаснување одава став потребен за делотворна молитва. Може да се менува според сопствените чувства. Наместо третиот дел на Бога може да му се предадат и други работи. Препорачуваме да се молите пополека и со способност за имагинација.

 Боже, извору мој, моја помош и надеж моја!
Соединет со Исус Христос ти заблагодарувам за се што доаѓа од тебе.
прости ми заради она што ме одалечува од Тебе.
допушти ми во оваа тишина да станам креативен преку Твојот дух.

Води ме така да на другите не им наштетам во нивниот пат до Тебе.
Води ме така да на другите им помогнам во Твојот Дух.
Чувај ме на мојот пат ... .

 Вдахни ги луѓето за да одлуките за животот и смртта ги предадат во Твои Раце.
Помогни им на оние кои работат за твоето создание.
Води го овој свет до преминот кон твојот наговестен нов век.

 *) Овде може да се приклучат и другите.

**) овде може да се вклучат и детали или пак после тоа може да се обработуваат преку медитациско набљудување, како на пр.“да се прекине со зголемување на насилството и реакции на насилството”, “на насилството да му се одземе основата преку решавање на проблемите”, "да се превземаат само такви сигурносни мерки кои не ги повредуваат човечките права на мирољубивите граѓани", “да се води мирољубив дијалог помеѓу добронамерните припадници од различни религии”,.... Матеј 5:9; 26:52. "Churches' declarations", англиски.

***) Напатената природа моли за помош. Веќе е крајно време за да го молиме Бога односно Христос за заштита од пробудените природни сили. Меѓутоа тоа не е замена за потребната промена на човековото однесување кон созданието.

****) Лука 11:2; 21:31. Откровение 11:16; ... види и Оче наш, Матеј 6, 7-15.

Светите писма од различни религии првобитно ја нагласувале борбата на човекот со неговите сопствени зли страни - како во Библијата така и во Куранот, и Зенд Авеста или Бхагавадгита, .... а не надворешните војни. Ова потоа се превидува или погрешно се толкува во многу нешта. Денес постојат стремења да со така создадено етичко заедништво на религиите се спротивстави на пропаѓањето на вредноста на нашата егоистична цивилизација. Притоа религиите си ги задржуваат своите разлики.

Види и Марко 12:30 " ... И возљуби го својот Господ Бог со сето свое срце и со сета своја душа и со сиот свој ум и сета своја сила.". спореди со 5. Мојсеј 6,4.5) Со молитвата се здобива длабока и спознајна вера преку остварувањето, а и соодветна благодарност. Јов. 16:23"Ако го замолите Отецот за било што во мое име, ќе ви даде” исто така ги содржи и зборовите " ... дозволете одговорот да ве опкружи" (уп. Neil Douglas-Klotz: Prayers of the Cosmos. Meditations on the Aramaic Words of Jesus.).И молитвата и животот и работата во ист дух припаѓаат заедно, сите се потпираат меѓусобно. (Ставовите објавени овде, иако делумно нови, не се спротивни на разновидните молитви употребувани од црквите.) Бог може да ја дава љубовта која што му се дава, било за која црква да се работи.

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Основни Етички Вредности.

Исус Христос го вреднува етичкото, моралното поведение да пребива живо во секој човек пооделно, наместо да биде резултат од ограничувањата на законските норми. До такава продуховеност не се доаѓа со “присилби” од надвор, туку преку начин на живот при што се развива “љубов кон Бога и љубов кон ближните како кон самиот себе си”. “Љубете се еден со друг”(Јов. 13, 34) преставува сила која овозможува складно делување со вистинската совест. Љубејќи го Бога се насетува вишното и нејзиниот стремеж. Различностите ќе бидат видливи онаму каде поединците, паровите, друштвата итн. ја вклучуваат таа универзална љубов. Колку повеќе таа живее во сите, толку и надворешните прописи ќе стануваат небитни.

Со тоа соодржината на дадените “10 заповеди” сепак не се застарени туку се потврдени. Не се изменуваат основите на една “Култура”, туку деталите. Тоа го потврдува и извештајот на Мојсеј кој е посредник на вишиот облик на етиката, кој што на привидно несозреаниот народ му донел поедноставна верзија. Во тој поглед, етичките основи се исти во Христијанството, Еврејството и Исламот, и скоро во сите други религии може да се најде нешто слично на заведеното во “Декларацијата на парламентот на светските религии во светскиот етос”, (види ја нашата лева страна). Дури и еден етички систем кој се гледа себе си како "не-религиозен" или хуманистички покажува поврзаност со вредностите на верските култури. Етиката во својата суштина настојува со другите да се постапува човечки исто како што некој би посакал да се постапува со него; значи да не се наштетува на другите туку што повеќе да им се помага. Токму тоа е важно за судбината, зашто “како што сееш, така и ќе жнееш” (Гал. 6, 7; 2. Кор. 9, 6). Во крајна линија тоа е и главниот критериум за учество во новото време, за коешто во молитвата "Оче наш” се кажува: “Да дојде царството твое!” (Матеј 6), а во беседата на гората “Кротките ќе го наследат царството земно”.
Во понатамошна смисла од тоа произлегуваат гледишта што се од животна важност за најразлични нивоа на човечката егзистенција. Етиката изразена при Беседата на гора, некои христијански кругови погрешно ја означуваат како “мисловна етика” која што не може директно да се примени. И навистина тоа автоматски не овозможува работно искуство за сите потешки политички одлуки. Но во крајност би била добра мерна скала за истите. Ако по човечки таканаречена “етика на одговорност”, води кон одлуки во заедницата што се спротивни на проповедта на гората, никој нека не мисли дека и Исус би направил така. Поединецот си е одговорен за својот дел во настанот и не може да се стави на сметка на другите. Такво едноставно препишување на вината, како што тоа често се прави кај правните спорови не е секогаш и правилно. Групите имаат дел од одговорноста и поради присилувањето кое го прават т.е. заради позитивното односно негативното “воспитно влијание” што го преставуваат. Поради тоа за сите е потребен етички кодекс ( како на пр. кај некои професии). Освен индивидуаланата етика, потребна е “структурна етика” во општеството односно на неговите делови. Законските норми во својата арбитража тоа не може да го надоместат.

Мојсиевите заповеди (2. Мојсеј = Исход 20)

Етика во Куранот

"Светски етос"

1. Јас сум Господ, твојот Бог. ...Немој да имаш други Богови освен мене. ( Не им се поклонувај на идолите...)

2. Не го изговарај напразно името на Господ, својот Бог ( зашто Господ не им простува на оние кои залудно го изговараат името негово.)

Твојот Господ одредил да не се обожува никој освен него ... (сура 17,22*)

( Разбирањето за “светскиот етос” не се однесува на поимот за Бог во различните религии. Така Будистите на пр. за нив само “последната вистина / последната реалност”, беше препознатлива, и е над телесниот свет.)

3. Сети се да го славиш саботниот ден ...

... Кога ќе ве повикаат на молитва во петок, побрзајте на повикување кон Бога ... (сура 62,9*)

 

4. Поштувај ги таткото и мајката своја (за да поживееш долго на земјата, кое што Бог ти го дава.)

Кон родителите мора да бидеш добар..., обраќај им се со уважување ...; дај им на своите ближни она што им е потребно ... (сура 17,23-26*)

 

5. Не убивај

Не го убивајте човекот за кој Бог ви забранил да го убиете ... (суре 17,33 и 5,32*).

обврзување на култура на ненасилство и вреднување на целокупниот живот...

6. не прељубодејствувај!**

Одбегнувај прељуба! (сура 17,32)

обврзување на рамноправност меѓу културите и партнерството меѓу мажот и жената, (против деструктивното сексуално општење ...)

7. Не кради!

9. Не го посакувај домот на својот ближен.

10. Не ја посакувај жената на својот ближен; ниту слугите негови, ни слугинките негови, ни волот негов, ни магарето негово, ниту нешто кое припаѓа на ближниот свој.

Одсечете ги рацете на лоповот и крадците ... Бог сигурно ќе се наклони кон оној кој ќе се поправи после својата грешка. (сура 5,38-41*)

обврзување на солидарност меѓу културите и праведно сопственичко уредување...

8. не сведочи лажно против ближниот свој / не лажи

Посојано исполнувајте ја правдата како сведоштво во верноста кон Бога, дури и на своја сопствена штета или на штета на својот татко и мајка и своите ближни... сура 4, 135* (во врска со измамата во. сура 2, 188*)

обврзување на толеранција меѓу културите и живот во вистинитост ...

*) египетското броење на стиховите кое највеќе се користи во муслиманските држави, кај другите броења на стиховите некој стих може на пример да стои позади друг стих.

**) Овде кај разни религии се надоврзуваат разни детаљи. Ова би можело да го потикне разбирањето за тоа дека исти поединости не мора да преставува правило за сите. Дополнително- за денешните потреби - отсекогаш не постоело доволно разликување меѓу чисто религиските принципи и општествениот закон. Меѓутоа тоа не значи дека верата и законот треба да имаат големи разлики.

Дури и после потопот - значи и пред горе спомнатите 10 заповеди - според Библиското предание имало неколку темелни етички побарувања кон кои требало да се придржува целото човештво, а не само подоцнежните Израелци: 
- да се цени животот односно да не се убива (“зашто човекот е создаден по подобие Божјо”: Пост 9:6) и да не се јаде месо од живи животињи. Во рабинското Еврејство подоцна се изведени 7 "
Ноини заповеди" за они кои не се Евреи, при што имало повеќе верзии: 
- забрана за убивање;

- забрана за свирепост кон животните;

- забрана за крадење;

- забрана за прељуба односно блуд;

- забрана на идолопоклонство (т.е. туѓинците меѓу Евреите според оваа заповед не морале да го слават Бога како Евреите, но не смееле да слават други богови);

- забрана за богохулење;

- заповед за правно уредување со судовите.

Обележување на сопствените спознаени несовршености и позитивни особиниво табела и свесно следење на напредокот, овде може да биде од помош, и за таква работа постојат повеќе можности:
1. Директно работење на сопствените проблематични особини со помош на случките во животот. Добри намери итн. Ова останува важно и за Исус: “најнапред види ја гредата во своето око....” И во
Исламот работата врз самиот себе се смета за “Голем џихад”,“Голема света војна”, т.е. како нешто попресудно од сите надворешни објаснувања.
2. Директно поправање и 3. и меѓусобно опростување секогаш кога е можно. Во спротивност, проблемите да се предадат на Бога преку молитва за понатамошно разрешување и за прошка на душата. На Исус и тоа му е важно - и Он зборува за наплата “До последната пара” (Лук.
12, 59, види и 5.)
4. Ако за некој нема друг начин, сепак би можел да твори добри дела, настрана од оние кои наштетиле. Многу работи се направени добро од Бога, како ако некој се нафати на работа за јавна корист. (Овде се запазува тековниот премин од чисто обновување на досегашното во слободни, пресретнувачки дела, и тогаш се исполнува изреката:“Еден сее, друг жнее”, спор.
на пр. Јов. 4, 37.) Со тоа според Мат. 7, 20-21 вредно е: ".... ќе ги препознаете по нивните плодови. Нема да влезе во Царството небесно секој што ми зборува:
Господе, Господе!, туку оној кој ја врши волјата на мојот Отец, кој е на небесата!".
( кои се сродни во своите постапки со него.)
5. "Молете го Бога во мое име”, овде за негова прошка и милост во понатамошниот развој во животот. Ова е најважната помош која што чисто хуманистичката етика не може да ја даде. Судбината тогаш не мора повеќе да има механички тек него човекот се доживува себе си како воден од Бога, се се обновува и развива во смисла како што е најдобро за поединецот и неговото опкружување, по Божја промисла.

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Додаток: кратко поправање на современите “приказни кои откриваат се за Исус”

Во текстот на web-страните со помош на нови спознавања и методи, веќе директно или индиректно се исправени некои од отежнувачките едностраности на некои теолошки правци. Овде ќе се позанимаваме со заплетениот процвет на современите “сензационални писатели”. Не го подржуваме дополнително публицетот на тие бестселери. Следниот прилог е насочен кон оние, кои ја познаваат таа литература па затоа и ги иритира.

1. Со оглед на свитоците одQumranaтие писатели се обиделе да прикажат дека многуте описи за Исус во Новиот Завет се неточни. Исус и учениците итн. дека всушност биле едноставни милтантни бунтовници против римскиот режим. *За поголема веродостојност, ова толкување се обвиткува во некаков вид на заговор: Свитоците на заедницата од Qumrana, откриени 1947-1956, биле прикривани до 75%, при што контрола над истите имале следбениците на Католичката црква. Самото тоа едноставно е погрешно - што веќе се потврдува и овде иако оваа web-страна на мора да оправдува ниту една црква, а особено не да одобрува прикривање на христијански акти. Научниот тим, дотолку повеќе, бил составен од католички, протестански, англикански, еврејски па дури и атеистички научници. Поради многуте мислења за многу малку оштетените парчиња, всушност се чекало навистина долго до целосното објавување. Кога оригиналното англиско издание на посочената литература за “тајното четиво” излегло од печатење, веќе било објавено 80% од текстовите од Qumrana. 1992. година, 12 месеци после сензационалното излегување на книгата хепне, каде во текстот на задните корици како и претходно спомнува 75% од необјавените текстови и други дешифрирани текстови.

При толкувањето на содржината, авторите морале да стават цел низ, па дури и за нив невероватни теории, се за при нивното следење да дојдат до горе спомнатите резултати. Тие свитоци според тврдењата од спомнатата литература не се претхристијански, туку од Исусовото време.**)

Тие акти меѓутоа, очигледно, потекнуваат од различни времиња и во своето изразување не се единствени. Заедницата одQumranaпостоела подолго време. Не може да се поистоветува со Есените, а ни со милитантните Зелоти кои потоа на значителна одалеченост ја имале тврдината Массада.Qumrana би можело да се спореди со денешното духовно еко-село. Секаде мора да имале контакти; од Есените вероватно имале некои обичаи во изменет облик, од “познавачот на писмата” од храмот во Ерусалим ги добиле на чување записите за богатството - што збори дека биле сигурно место кое не било изложено на непосредни борби со Римјаните -; а би можело да постојат и контакти со пооделни Зелоти.

Авторите исто така тврдат, дека Есените не биле аскетски монаси, туку милитантни бунтовници. Се, што знаеме за Есените, упатува на пацифистички, вегетаријански, строго еврејско-езотеричен ред, кои поради своите скоро заратустријански прописи за чистотата се стремат кон изолација од останатиот свет дури и посилно од денешните монаси. Во спомнатата проценка за Есените као милитантни, истите се фрлаат во исти кош со Зелотите без никакво задоволително образложение.

Јован Крстителот, Исус и Јаков, Исусовиот (полу)брат, имале исти милитантни мотиви “како Есените”. Дури и оваа - за претходните претпоставки зависна - оценка која е прикажана како факт кој не може да се докаже со помош на свитокот одQumrana.Исус, Јаков и Јован таму дури и никаде не може да се препознаат на таков начин. “Учител на правда”, очигледно водечка личност на таа заедница, би морало да се идентификува на пример со Јаков, што повторно е теорија која не може да се докаже. Не е докажано, а и не е веројатно дека тој “учител на правда” бил радикален Зелот; Меѓутоа заедницата би можела да го признае како духовен авторитет од свештениците од храмот кои се наоѓале во расул. Дури и она, што со преданието а сочувано за самиот Јаков, не соодествува со оваа милитантна слика. Јаков - не апостолот Јаков туку спомнатиот Исусов брат, кој после Исусовото распетие ја водел првата христијанска заедница во Ерусалим - изгледа поседувал нагласен, избалансиран карактер. Морал, така да се каже, да се стави меѓу Петар и Павле. одн. да посредува меѓу двата раскарани апостоли како би ја одржал заедницата.

За да би можело понатаму да се тврди дека Павле бил римски агент кој правел се погрешно, морало да се овозможи друга вештачка конструкција, која повторно со ништо не може да се докаже, всушност дека Римјаните го исценирале неговото апсење како измама.

(Во нашиот текст “Патишта на Исус Христос...” поопширно се занимаваме со Павле, помеѓу другото - без оглед на тоа какво гледиште би можел некој да завземе кон таквата традиција, на пр. според неговиот став за жените - и тоа дека неговите визионерски доживувања и спознавања може да се препознаат како автентични; се разбира само ако се обидеме темелно и пактично да се позанимаваме со мистичните доживувања, што сензациските автори очигледно не го направиле.)

Свитоците одQumranaедноставно се само некои од многуте текстови од тоа време, кои како парче од мозаик може да ни дадат информации од тогашните обичаи. Некои други акти во текот на милениумот веќе подолго време се познати како апокрифи, а други биле откриени дури во поново време (на пр. актите од Naq Hammadi, кои говорат за верата на раните Христијани во Египет). Сигурно е дека луѓето од Qumranaверувале во Бога и дека во многу ставови и обичаи биле поврзани со Исусовата наука - на она што се наоѓа во Библијата, а не на наводната милитантна Исусова наука од сензациските автори. Освен тоа можно е и Јован Крстител да води потекло од тие верски поврзаности од Есен одн. Кумран (Qumrana), или пак барем да бил таму општопризнат гостин. Исто може да се претпостави дека и Исус ги среќавал тие луѓе. (На нашата web-страна “Патишта на Исус Христос” истотака објаснуваме, дека се среќавал со многу кругови и дека не потекнувал автоматски од поединечна школа со чии следбеници се среќавал.)

2. Други автори пак се приклучиле на шпекулациите за Исус со многу детали од Еврејската историја, но и со тоа наводните противречности не можело да се решат. Со тоа што во еден дел од таа литература и Исусовото воскресение се редуцира на историски настан, надворешен ритуал на воскреснување на Египјаните и евентуално Есените, и традицијата што се потпира на нив, така да на читателите им се ускратува она “обновувачко” што го донел Исус. При тоа, тамо прикажаните односи меѓу историските групи како што биле Есените и Темпларите не би изгубиле ништо ако би се одкажале од таа догма кој се противи на воскресението. Исусовото дело кое се докажува само мистично, веќе во рано христијанското време го надминувало разбирањето на некои јудејскохристијански и гностички заедници, па бескорисно е да се обидува да им се објасни комплетната вистина кога веќе имаат такво убедување. Останатите ги разбирале другите делови од вистината као што покажуваат и раните Христијани кои верувале во поширокото значење на воскресението; како и оние кои го користат полемичкиот актPhilippus-Evangeliumкое се однесува токму на тоа. Павле кој е многу соодветен за некој кој е многу критикуван, никако не бил единствен извор на оние традиции кои опстоиле со духовното и материјалното преобразение на ВоскресениетоЛуѓето кои сеуште го почитуваат преданието,кое е широко прифатено во црковната историја, можат да се приближат повеќе на вистината отколку оние кои со леснотија расправаат за се што не се поклопува со нивниот концепт.
Таму каде што таквите постапки создале оцрнување на Исус Христос, таму може да има духовни последици кои ги надминуваат човечките работи.

3. Се шпекулирало и со наводно повеќе “гробови со Исусовите коски”, повеќето од нив во Израел и на други места. Околу Блискиот Исток, каде крадците на гробовите се активни - на пр. од пронајдените садови со коските од еден таков гроб една “исчезнала” -; таму каде што на илјадници такви садови се чуваат по музеите и каде некои коски се одстранети и повторно закопани, итн., скоро е невозможно да се добијат точни информации за лицата. Тука ниту често изгравираните имиња ништо не докажуваат. Ниту сличноста на нивните имиња не ја зголемува вероватноста за нивните тврдења.
Потполното историско истражување не би тргнувало од претпоставката дека воскресението, во преносна смисла не се случило. Исто така денешната состојба би одговарала на спознанието дека пророштвото кое може да се однесува на Исус, да не се сфаќа само како извор на Исусовите субјективни надежи од пред 2000 години; туку и дека може да упатуваат на нешто реално кое сеуште чека на објаснување што треба да се случи.
Дополнителни информации за тоа (на Англиски јазик): http://dukereligion.blogspot.com/2008/01/talpiot-tomb-controversy-revisited.html 

* 4. Постојат уште цела низа на такви шпекулации за Исус, кои довеле до различни резултати. На пример, една теорија беше дека Исус бил следбеник на филозофската школа за Цинизам, која потекнува од Грција... Сме имале и германско/англиско ажурирање за Марија Магдалена. Освен тоа други сакале Исус да го изедначат со Мојсеј; или со Еипетски Фараон; или со Цезарот Јулиј; или со милитантен Византиски Цар.  Со тоа станува јасно дека многу од тоа не може да биде точно.

** Исто така во очи паѓа фактот дека во таквите книги не се спомнува дека во Qumrana се откриени особено и стари евангелски текстови од 1. век, чија споредба со денешните текстови покажува дека преданието е верно на оригиналот.

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Природните науки и верата во Бог.

За легитимноста на научниот поглед за Бога.

Исус прифатил дека има луѓе кои мора да вагаат, да мерат, да пресметуваат и сл., кога се работи за верувањето. Всушност како во случајот со Тома, кој преставува “тип на научник” меѓу апостолите и токму ваквиот случај ги отсликува многу луѓе на денешницата. Кога добил вонредна прилика за конкретно проверување дали пред него навистина се наоѓа Исус Христос, Исус му кажува: “не биди неверен туку верен”. Новото доживеано искуство на Тома му било потребно за да со вистинско и длабоко размислување исчезне коренот на сомнеж и да се зацврсти вистината во него. Фактот што Исус сепак морал да го каже ова потоа, не значело дека Тома бил неверник, туку сега “поразен” од новата реалност и е “принуден да верува”, дури и преку страв од казна. И покрај тоа сепак требал да претпостави дека освен надворешните опажувања постојат и други можности за да поверува. Исус знаел што е потребно за Тома. Не сакал никого да присилува - што е особина на судење; исто така не може да се пронајде намера, кај некој кој не е зрел за одлучување, да предизвика отфрлање.

Науката која ги “поврзува емпириски” насобраните искуства, го исклучува она што не и одговара на старата слика, тогаш не би можело да се нарече наука. Вистинскиот геније како Ајнштајн не практикувале такво познание туку во своите истражувања почнувале таму каде што постоеле нејаснотии. И таквото барање може да биде еден од многуте патишта до Бога - се додека мотивите се чесни, а науката не е корумпирана со економски или други проблематични интереси.

Надворешната природнонаучна работа - со набљудување, поставување на хипотези и теории па до нивна верификација - за хуманистичките и верските прашања најчесто не е доволно. Не постои секогаш битие кое вишата реалност ќе ја прикаже пред нас на недвосмислен и по можност репродуктивен начин (како кај Исусовите ученици), или ни го отвора тоа познание (како кај Јован 1, 51). Сепак има многу знаци дека постојат слоеви на пр. во човечкото битие и над него што не потекнуваат од познат физички спектар на сили и ствари туку се манифестираат само преку нивните последици: животните сили, духовните чувства, размислувањето, свеста..(некои од примерите се наоѓаат на разни места во главниот текст на страната “Патишта на Исус Христос”). Често кај старите култури, во “пред-научните” традиции се открива некаков емпириски и научен карактер. И денеска за таквите области може да се развијат посебно прилагодени постапки на запазување и оценување како на пр. кај Гетовите природнонаучни запазувања или на нив втемелени научнотеоретски трудови на Rudolf Steiner. Во тој правец се движат и новите научни погледи од квантна теорија до оние научници кои ја разработуваат новата биологија, нова гео- и астрофизика итн. и на крај новата научна “парадигма” односно слика за светот; додуша без потрага за нова методика што подобро одговара на новите соодржини како што тоа не го бара ниту Steiner.

Така најнапред произлегува дека досегашните научни сознанија а.) покажуваат само незначителен пресек на реалноста;

б.) дека основите на природните науки се се порелевантни: материјата се јавува како згусната енергија или дури како згуснат дух; формите на енергија може да достигнат брзини поголеми од светлоста (тахиони...); притоа може да се “подмладат”, времето станува порелевантно како во теоријата на релативитет; може да се исчезне од нашиот простор за да би се појавило на некакво “трансцедентно” - така да и просторот е апсолутен во помала мерка отколку што изгледало поради т.н.: “закривеност” на просторот. Преостанува единствено недопирливата “информација” на кибернетиката, која не е составена од материја и енергија па заради тоа неможе да се опише со постоечките средства. Значи овде би можело да се зборува за “свеста”.

ц.) Строго гледано, таквото распаѓање на старата слика за светот сеуште не е “Божји доказ” туку во крајна линија подготовка. За многумина ова е доволно, зашто застарената слика за материјалниот свет ги запирала па сега може да направат директни чекори кон Бога. Меѓутоа сеуште не е крај: Значи што преставува таа “информација” или другите, веќе спомнатите недопирливи настани во вселената? Што/Кој непрестајно ја создава и ја разлага новата материја и енергија? Што/Кој овде како и во животот управува со границите со животот и смрта односно со будноста и сонот и го дозволува нивното пречекорување? Што/Кој овде во вселената доаѓа до израз манифестирајќи се изнад времето и просторот. Дали е човекот, кој во својата свест може “однадвор” да ги спознае енергијата, времето и просторот, кој во битот е “подобие” на Оној кој може повеќе (спор. Генеза 1, 26)?

д.) Освен тоа овде може да додадеме дека одговорите како хаос или случај во помала или поголема мерка се исклучуваат. Зашто тој свет и тие суштества, и тој свет на честички, и настаните во животот покажуваат невероватно висок степен на ред во хаосот, устроеност и смисла во целина како и во комплетно уметничко дело; што недостасува кај теоријата за “случајна еволуција”, особено за спојните делови на истата. Веќе при овој чекор на спознавање станува јасно дека е потешко да не се верува отколку да се верува - во централната праинтелегенција која поставува почеток и цел на “создавачкиот програм” и го обликува патот со променливи законитости. Станало можно нешто што преку разумот може да доведе до истиот резултат како и некогашната мистична свест на старите народи од 800. години пред Христос, кои овде со својата “десна, мистична половина на мозокот” го виделе Бога на дело. (“Боговите” на другите народи првобитно биле квалитетите на единиот Бог; дури после исчезнувањето на таа мудрост ги набљудувале како единствени “богови” и ги помешале со развиените човечки битија кои исто така постоеле.) Со слични патишта до верата во Бога дошле и атеистичките научници како Max Thürkauf, Georg Todoroff и многу други.

е.) На крај верата, како длабоко уверување, значи повеќе од едноставното интелектуално верување во нешто.

ф.) Освен тоа тука спаѓаат и оние луѓе како мистиците итн. и како обичните верници имаат сведоштво за директно, променливо искуство со Бога и Христос; и кои преку тие контакти во самите себе доживеале високи реални искуства со Божјиот креативен дух. Овие патиште можат на самостоен начин порано или подоцна да доведат до совладување и до спознавање за природата на искуствата. Од овде продолжува главниот текст на “Патишта на Исус Христос”.

(Таква состојба на спознавање не е постигнато таму каде научниците и теолозите заедно расправале. Кој сака да дојде до впечатокот од такви расправи може да го прочита разговорот меѓу Gerhard Börner и Hans Küng во списанието " Spektrum der Wissenschaft " од април 2006.)

Во Католичката црква постои енциклика “Fides et Ratio” (Верата и Разумот) од 1998., а Папата Бенедикт 16-ти зборувал за таа тема во својот говор во Regensburg 2006. вера без разум и разум без вера ништо не вредат, зашто се промашува целокупноста на човечкото битие. Michael Springer наспроти тоа аргументира во " Spektrum der Wissenschaft " јануари 2007. дека не мора секоја дупка во познанието автоматски да укажува на рационално-неспознатливото односно на Бог - што на пр. на нас помалку ни дошло, најпосле се работи за конкретни заклучоци, види горе. Но он признава дека верувањето дека науката еден ден би можела да ги објасни големите дупки е исто само верување. Состојбата е таква што денес би требало да се вложи многу труд за да воопшто на поединечен научник му се остави отворена можност дека сеуште не мора да верува во Бога ( што не мора нужно да биде атеизам, туку може да се работи и за агностицизам, т.е. недостаток на вера дека постои Бог без конечен доказ.) И некое друго сваќање, што ја признава верата во Бога само како потпора за етичка заштита на материјалната култура, самото по себе е недоволно за горните гледишта.

Да се види и http://www.vdw-ev.de/manifest"Потсдамски манифест" објавен во Октомври 2005. Во друштво на Германски научници и во Институтот за изучување на иднината и еваулација на технологиите, за да во Мрежата на Иднината предизвика расправа за новата “органска” поставеност во науката и општеството. Материјалното, поточно механичкото или линеарното размислување како што постои во Просветителството повеќе не е доволно.

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Свест, мозок и слободната волја на човекот.

Долго време пред постоењето на модерната наука, паметните луѓе од сите култури имале искуства во врска со потеклото на различните импулси, кои што може да доведат до донесување на одлуки.Духовните и/или религиозните патеки покажуваат дека е возможно да се добие секојдневната борба за етичките одлуки се повеќе и повеќе, наместо да се верува дека се е предодредено.Сепак, некои од овие луѓе се стремат кон фатализам.

Во повеќе случаи, дури и способноста да се размислува не е целосно свесен чин.

Ако некој сака да стане свесен и да остане свесен за чувствата кои влијаат врз размислувањето, тој или таа можеби ќе треба да обрнат внимание на нив подолго време, со цел да станат почувствителни на нив. Импулсите на волјата се уште повеќе несвесни и потребни се големи напори за да се разберат целосно, или повеќе од тоа, да се "произведе" волја за да се направи нешто слободно.На пример, Рудолф Штајнер веќе знаел дека волјата е нешто несвесно - независно од современото истражување за мозокот.Но тој исто така знаел дека контролирањето на нечија сопствена волја е нешто што може да биде извежбано - нешто што сеуште не било репродуцирано во современата наука. Многу Христијани доживеале дека е можно дури и повеќе, на.пр. "Да ја потчинат сопствената волја на Бога". Дури и за некој кој сеуште нема многу искуство, тоа е сеуште можно до одредено ниво. Дефинитивно постои "инстанца" што ни помага нам да ја следиме оваа патека. Навистина, порано или подоцна овој пат доведува до повеќе свесен живот. (Оваа практика нема никаква врска со послушанието кон црковните власти.)

Во овој контекст, наодите на некои современи невролози укажуваат на заклучоци кои се разликуваат од оние што се наоѓаат во неколку научни списанија. Тие го имаат измерено биолошкиот ефект за време на експериментално движење на рацете и дознале дека одреден "потенцијал на подготвеност" веќе бил присутен во нервниот систем веднаш штом намерата за придвижување на раката постане свесна. Подоцна, лицето што било тестирано мислело дека акцијата започнала, но во реалноста таа всушност навистина започнала 1/100 милисекунда после таа мисла.**

Ова само потврдува дека - како што е напоменато во параграфот погоре - комплексноста на човечкото битие влијае врз неговите одлуки и дека свесните мисли не се единствен фактор што влијае врз донесувањето на одлуките. Сепак, "потенцијалот на подготвеност" не значи дека луѓето автоматски се одредени да направат така. Тоа би било недозволив случај на извлекување на заклучоци. Така да "слободната волја" не е на никој начин побиена, како што некои научници мислеа. Сепак, согласно споменатите искуства на луѓето (на што може да се гледа како "поле на истражување" низ вековите), правилно би било да претпоставиме дека само интелектот е недоволен во контролата на слободната волја. Мислите и добрите намери може само да бидат прв чекор кон поодговорна улога за самиот себеси.Дополнително, потребно е да се испитаат потсвесните чувства и несвесното, вообичаените импулси на волјата. Тогаш ќе настане побрзо пробудување кон нервниот "потенцијал на подготвеност" кој постои. Значи навистина е возможно да се стремиме кон поодговорен живот.

Покрај тоа, ако на пример, електричниот потенцијал на нервите е мерлив, треба да се земе во предвид дека само класичната наука*****) треба да збори за "причините". Гледано од хуманитарна гледна точка, можно е да се види "ефект" во тоа, како кај пијано, каде што кога се свири вклучени се умот, психата и волјата. На чисто научно ниво, ова не може да биде решено. Исто така, биологијата не може да одлучува за тоа дали и како Бог е присутен во овојкомплициран човечки организам.***). Сепак, може да се најдат научни пристапи кон ваквите прашања. Научниците може, на пример, да се обидат да измерат како едно лице кое се бори во молитва против несаканите импулси успева да го смени дејствието што исходи.****).Меѓутоа, овој метод сеуште нема да им дозволи на нив да судат што "претставува" молитвата за верниците.

*) Сепак, забележете ги, разликите во различните фази на развој од човечката свест(на.пр. архаична, магиска, митска и интелектуална), како што е претставено на нашите страни "Општи гледишта во врска со природните религии" и "Религијата како "повторно поврзување" на човекот со Бога ..." Изворите на човечките емоции биле посилно забележливи надворешно кај личноста во одредени времиња, додека кај други времиња тие биле посилно забележливи внатрешно кај личноста.

Денешните возможности во областа на развојот на свеста се вдлабнати во делот 1 од нашиот главен текст, основани врз чекорите на Исусовиот живот.

Денес, на пример, едно лице може свесно да учи – за разлика од порано, на повеќе инстинктивен начин – за да повторно поинтензивно ја препознае поврзаноста со неговото или нејзиното опкружување и околината и земјата.

Така, покрај социјалните и еколошките спознавања, исто така, постојат и општи етички и религиозно-филозофски аспекти кои излегуваат на површина во општеството.

**) На пример во "Spektrum der Wissenschaft" (Американско научно списание), Април 2005.

***) Видете ја нашата страна "Науката и вербата во Бога" исто така.

****) Видете ја исто така нашата страна која се однесува на "Дигестија на секојдневниот живот".

*****) Постои филм наречен: "What the Bleep Do We Know?" ("Што ние знаеме за шкрипењето?").

Враќање на соодржината на оваа страна.

.

Информации за Исус Христос и прашањата за исхрана.

Праисторија: Во 1. Книга на Мојсеј (Создавање), 29, се кажува: И Бог рече: “Еве, ви давам билки секое според своето семе, по целата земја, и растенија плодоносни кои во себе имаат семе: Нека ви бидат за храна!" Тоа соодествува на познанието дека човекот во прв ред има органи за жвакање и варење како фругиворите (билкојадите) (а не сештојадци, како би можело да помислиме кога ќе се сетиме на грабливците, сештојадците и билкојадците, што соодветно ги опишуваат повеќето животни.) Наспроти тоа после (археолошки докажано во предниот дел на Азија) потопот Создавање 9, 3, на Ное: "Се што се движи и живее нека ви биде за исхрана;... Само не јадете месо во кое сеуште има крв”. До овде се се однесува на периодот пред постанокот на народите, значи се однесувало - ако преданието е точно - не само на доцните Евреи.
Истото се потврдува и после излегувањето од Египет во
5-та. Книга на Мојсеј(Deuteronimijа14, 3-21), а се додаваат и други детали. Од потопот поради неможноста очигледно во основа се дозволувало се, а да се избегнуваат најнепримерните за прехрана. Во некои случаи можело да се најдат современи прехрамбренотехнолошки познавања. Секако и понатаму имало случаи кај кои се укажува на посебното значење на растителната прехрана без обврзувачки прописи за сите, види Данило 1, 8.

Често изгледа дека има врска помеѓу многу воопштените правила за жртвување животни и јадењето на тоа жртвовано месо, која денес е тешко да се разбере.Пророкот Осиј (6.6.) порачува: “Милост сакам, а не жртва,- познание за Бога, а не жртви сепаленици”. Надоврзувајќи се на тоа Исус кажува: "Идете и научете се што значи: “Милост сакам, а не жртва”?" (Мат. 9, 13 и 12, 7). Со Лука 22,11 кога Исус прашува каде ќе ја јаде пасхата - а потоа тоа воопшто не се случува на тајната вечера -, постојат ранохристијански “апокрифни” акти (кои околу 400. година не биле уважени во библискиот канон), на пр. "ебионерското евангелије”. Таму тоа се чита вака: “Би се случило ли да посакам да јадам јагнешко месо, на оваа пасха со вас?.” Арамејскиот јазик содржи малку зборови за вакави реченици, тоа предизвикува различни преводи на истите ако не е доволно јасно акцентирана реченицата. Тоа пресудило разни преводи да бидат контрадикторни меѓусебе.

(Бившите Јудејско-Христијански заедници - повеќето од нив подоцна биле исламизирани - биле вистински дел од раното христијанство; И покрај фактот дека меѓу нив и останатите цркви во развој, имало некои разлики.)

Апостолските дела 15, 19 известува за изјавата на водачот на заедницата Јаков во првобитната заедница, дека не чини да им додева на оние (кои Павле ги придобил), "кои од паганството се обраќаат кон Бога. Добро е да се воздржуваат од жртвуваното месо на идоли, од блуд, од удавено и од крв." Наспроти тоа кај раниот црковен историчар Еузебиј постојат во апокрифите (види горе) апостолски акти. со гледиште дека Исус, Јован, Петар, Јаков итн. самите тие вообичаено не конзумирале месо.

Мат. 15, 11-20 / Мар. 7, 17-21 покажува дека Исус повеќе го уважувал “она што излегува од устата”, отколку на она “што влегува во устата”; но тоа сепак се однесувало на фарисеите и на миењето на рацете пред јадење. Тоа има исто ниво на вредност како што е во споредбата со гредата во сопственото око и влакно во окото на другиот. Тоа значи дека треба да се почне прво од своите слабости, наместо со страв од надворешни влијанија. Како и да е, пасосот кажува дека не е обврзувачки да се јаде месо.

Според Лука.10, 8 Исус им препорачува на своите ученици дека на своите патувања, да јадат се што ќе им принесат домаќините. Тоа не значи дека се работи за немарливост. И денес на пр. Во арапскиот свет може да дојде до непресметливи реакции кога некој одбие добронамерно понудено јадење или пиење, а особено ако тоа го направи невешто. На тогашните ученици, освен тоа, им е дадена способност да не им наштетат и многу штетни работи (Марко 16, 18.).Значи наме никаква смисла таквите библиски зборови да ги вадиме од контекст и да ги генерализираме неограничено.

Во Библијата, околу исхраната, во поголема мерка е образложен религискиот пост за чистење на телото, преку кој расте отвореноста за подлабоко душевно, духовно познание. Ова било посебно сместено во Католичката црква - за време на верските празници, сметајќи го Велики Петок и за време на постот пред Велигден. Но и надвор од црквата, после подолго време, се зголеми значајот на постот, откако тој не беше доволно вреднуван. Преку исхраната на својствен начин, своеволно се увежбува способноста за одрекување. Исто се мисли и на тоа дека многу луѓе во светот гладуваат. Колку длабоко може тоа да оди покажува и нејадењето - «инедиа» кој го посматраат и средновековните мистици па се до новото доба, трае подолго од постот во неколку седмици. Тоа се наоѓа и на други места освен во христијанството - денес некои тоа го нарекуваат «светлосна храна» - и упатува на тоа дека духот може многу посилно да владее над материјата отколку што тоа се мислело до сега во науката. Услов за тоа е дотичната личност знае како «да биде воден» од Бог, одн. да го практикува стручно за да се избегнат опасности. (Ова не треба да се разбере како препорака за да се оди по тој пат).

Телото е алат, а на тоа му треба одговорен однос.
Всушност и животните, Библиски гледано се живи суштества, кои Бог ги создал; Значи не се “нешта” со кои се постапува според моменталното расположение, како што тоа денес многу се прави со нив. (законите за заштита на животните барем го ограничува тоа).
Во крајност, секој мора сам за себе да одлучи како ќе живее.

Ако барате информации за денешните форми на вегетаријанска исхрана, може да ги најдете и овде под: http://www.ivu.org(Wеб-страната *не е одговорна за wеб-страните на други лица и не се согласува автоматски со нивниот изменет состав.)

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Исус Христос и исцелувањето - денес.

Исусовите ученици и останатите следбеници, своевремено го доживувале Исус како “движење” за излекување, лечење на телото и душата. Денес е потребно многу да се работи на тоа, зашто тоа повеќе не е разбирливо само по себе.

Волја за оздравување

Исус на една неподготвена личност најнапред го поставува следново важно прашање: “Сакаш ли да оздравиш?” (Јов. 5, 6). Исус се обраќа на душата. Болниот при потрагата за оздравување, ги опишува надворешните пречки. Со тоа прашање се подготвува лицето да се освести дали навистина сака да оздрави. Тоа е првиот предуслов за оздравување, т.е. исцелување. Се додека подсвеста од било која причина го блокира оздравувањето и потрагата за помош и добивањето на истата помош ќе биде отежнато. И покрај ова, возможно е да се даде прва помош или да се променат симптомите. Но за оздравување не е доволно само тоа, потребно е болниот да ги интегрира претходно спомнатите работи и да ги поврзе со своите лични сили за да се исцели.
При тоа не се вклучени само здравствените работници, туку и сите чесни намерници кои на свој начин ќе придонесат, со верба и молитва се за оздравување, т.е. исцеление на болниот.

Моќта на вербата.

Мат. 9, 22: Болниот ја допира Исусовата наметка и оздравува. Исус: "Верата твоја те спаси”. Кој лично ја доживеал, искусил опитно верата, тогаш ќе ги разбере моќните врски со Бога кои овозможуваат исцеление односно здравување на болниот. И таканаречениот медицински ефект “плацебо”, покажува нешто за моќта на човековото уверување (кога на пр. зема шеќер а мисли дека зема лек). Но, при тоа не се случуваат длабоки патолошки преобразбени процеси како кај оние при исцелување со вера.
Исус исто така генерално, е праслика на здрав човек, како телесно така и духовно и душевно.

Извадоци од главата “Прашања за чудата” на нашиот главен текст*): За разлика од многу современи исцелители на денешницата Исус Христос на кажува за “космичка енергија” која чуствува дека минува низ него, туку на вербата во возможноста за исцелување преку него. Во крајна линија преку Бог и надворешно видливиот Христов лик.
И денес постојат исцелувања, кои во прв ред се извршуваат со молитва и во корелација со поврзаноста на човечката душа со Христос. Христос сака сите луѓе да бидат здрави и комплетни, кои потоа ќе може да прават, извршуваат “и поголеми дела” од него (Јов.
14, 12-13).
Самото духовно исцеление и со тоа поврзаниот духовно-душевен напредок, секако не е принудена милост, колку и да се принудува човек на тоа.
Исцелувањата често се “знаци”, за нешто што се случува со личноста на многу подлабоко ниво. Кај исцелението во сабота на слепиот од самото раѓање, Исус одговара дека причината за слепилото не се гревовите, туку “За да се јават делата Божји”. Спор. Јов. 5, 6-9; Јов. 6; Јов. 9, 3 и др.
Денес, многу искуства и парапсихолошки истражувања сугерираат дека всушност Исус можел да влијае на природните сили. Токму за денешната наша слика за човекот, за целосно христијанско исцеление итн. денес е многу битно да се спознае тој феномен.

Положување на раце.

Не секогаш, но честопати Исус и учениците исцелувале со положување на раце. Таа практика постои и денес кај оделни случаеви. Кога едно лице ги положува рацете врз главата или рамењата на болниот и притоа се моли по можност заедно со заедницата. Со тоа се поткрепува искусувањето и свеста за врската преку која се добива Божјата помош. Тоа може да се разбере и симболично. Базирано на сознанијата на современите стремежи за душевни исцеленија - и меѓу нив постојат свесни христијани - знаеме дека тоа е реалност. За тоа во раното христијанство се збори за “пнеума”, вдахновение на животот или посредување на Светиот Дух*). Таквата пракса делумно се применувала и за други цели, како за исцелување (оздравување), така и за давање на благослов. Види на пр. Мат. 19, 13; Мар. 8, 23; Мар. 10, 16 (благословување на деца); Лука.4, 40-41 (исцелување и истерување на зли духови); Лука. 24, 50 (благослов на Апостолите); Апостолски Дела 6, 6 и 19, 12 и во 28, 8.
Полагањето на раце не е неопходно за едно такво исцелување. Всушност може да се направи и од дистанца - што сепак е потешко да се прави.

Страдање предизвикана од духовни причини.

Тесно се поврзани закрепнувањето на психата, животна сила и телото. Дури и доброто “душегрижничко” или животно советување поради тоа може да влијае на психосоматските тегоби - кога наместо повторување на грешките во животот би се примениле добрите совети.

Делови од главата “Света ревност и ...емоциите” од главниот текст*): Исус постојано живеел во “позитивен страв од Бога” и со сочувство кон луѓето... Кај обичните луѓе скоро сите емоции на почетокот се помешани со несвесните механизми на реакција од надразнувањата - кои се биолошки и според јачината различно се манифестираат, но во својата основа се слични. За да ... изведувањето на други такви механизми од сопствените реакции, преглед во нив и на крај управување со нив односно да се предадат на Бога преставува долг процес на учење.

Има малку корист од обидите за целосна обработка на комплексните проблеми на вообичаен начин. Полезно би било прво да ги разгледа составните делови од тие комплексни проблеми и при тоа свесно да види дали се работи за “греда во сопственото око” или за “влакно во окото на другиот”.(Мат.7, 1-5) и во однос на тоа кој е одговорен. Повеќето Христијански школи го потенцираат првото, бидејќи е потешко да се согледат сопствените проблематични акти, кои дури потоа би можеле сами да ги поправат. Психолошките школи понекогаш претпочитаат да започнат со решавање на колмплексните проблеми од гледна точка на “жртвата”, но на крај тоа води кон набљудување од перспектива на двете страни. За на крај да се воочи дека и покрај се и двете страни повеќе или помалку се во игра.

Можна пракса за тоа е: 1. На пр. да се обрне внимание на негативните емоции кои се појавуваат кон конкретната појава (на пр. страв, омраза и бес, рамнодушност и арогантност, претерана сомничавост, ...). 2. наместо мудрување да се почека малку за да станеме свесни за што точно се работи. После тоа 3. Така спознаен, почувстваниот проблем, сега преку молитва**) да му се предаде на Бога. 4. да се почека спокојно додека на се забележи видлив знак на олеснување.

Кај некои медитациски вежби***може на пример Да се почуствува струја која истекува нагоре и после тоа струја на обновените сили што дотекуваат одозгора. Од друга страна негативните емоции итн. со испуштањето на здивот се “издишуваат” и се оставаат пред Бог; и при вдишувањето да се овозможи во нас да влезе позитивното од Божјото милосрдие.(Тоа е еден вид на изменета постојана молитва која ја извршуваат монасите од Светата Гора Атос, кое е спомнато во главниот текст во глава “Тишина во пустината”.)

Ментални проблеми.

дел од главата “Преобразение” во главниот текст*:Постои “позитивно размислување” и “позитивни афирмации” (принципи на раководење). Ако се исполнува едно такво поведение, без егоистичност и без возгордување и технички манипулации, тогаш навистина таквиот позитивен став може човекот да го доведе до состојба која Бог ја промислил за него. Меѓутоа, литературата во училиштата од тој правец, таквите размислувања не ги земаат со доволна грижа, и често тоа може да одведе до само-залажување.

"Судбински проблеми”.

Од современите напори за излекување постојат спознавања за случаи кога се добива впечаток дека лечењето (сеуште) не е можно односно “дозволено”. Тоа е нешто како на ниво на “програма”. Вероватно болниот на пр. “сака”или треба да научи нешто од болеста. И овде, во заедништво со Бог, може да се дојде до решение. Види го и горниот дел “Волја за оздравување”.

Правни прашања.

Во Германија, на пример, уставната слобода и религиските права, дозволуваат чисто Христијанско исцелување со молитва со полагање на раце на болниот. Оној кој и би се бавел со таква услужна дејност надвор од домот или цркавата, би требал најнапред да се информира за правната положба за такава активност. Доколку при тоа би се вршеле други активности како дијагноза или директна терапија - дури и кога тоа е бесплатно или на доброволна база -,во Германија би требало да се положи соодветен испит или да се помине процес на оспособување за извршување на медицинска дејност (духовни исцелувачи на пр. - практика која во поголемиот дел се разликува од класичното старо-христијанско лечење, но има и некои сличности со тоа - често пати болестите може да се осетат со рацете итн.). Иако е пожелно законите на небирократски начин да водат сметка за посебните својства на овие активности, под дадените услови полагањето на таквиот испит го препорачува и “светската федерација на исцелители”****). Теоретски се дозволува поедноставен вид на спомнатиот испит кога се врши психолошко советување или душевно оздравување. Но дали може тој поедноставен вид да се остварува на секаде, тоа е друго прашање.
На пр. во Англија “спиритуалните исцелители” се прифатени во општо и им се дозволува да работат во болниците.

Незавосно од правните прашања оној кој бара излекување постапува и самиот правилно така што ги уважува и сопствените настојувања како што е - здравата исхрана одн. диета или медицинска гимнастика, доволно спиење и да се моли.

*) "Главен текст” овие и другите точки се обработуваат од поширок агол на гледање,- всушност во врска со општите човечки можности за развој, значи над “оздравување” во потесна смисла.
**) Општо за најдобриот внатрешен став кај молитвата спор. ја и нашата страна “Молитва за мир...".
***) Види ја страната “Христијанска медитација”.

****) World Federation of Healing - разни групи во целиот свет.
http://www.wfh.org.uk .
Помеѓу разните здруженија не ни е позната ни една во која се здружени само христијанските исцелители. Тоа би можело да се разбере зашто таквата Христијанска традиција во поголема мерка била разлеана. Денес полека станува куриозитет. Едноставна, делотворна библиска пракса на натприродни излекувања можеме да најдеме кај слободните евангелски цркви како баптистичката и пентакосталната црква; Надприродни исцеленија преку молитва и со вера се случуваат и кај некои поклонички католички места, како на пр. Лоурд.
(Нашата web-страна не е одговорна за web-

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

За Христијанското благословување.

Како религиозен христијанин може да го благословувате секого и сите доколку чуствувате дека тоа е согласно со верата и доколку за тоа се обратите на Бога. Не постои само вообичеаниот свештенички благослов одн. од парохојата. Од 4-та книга на Мојсеј (броеви) 6:23 - 7:1.

Вие - како лаици - може да давате благослови. За тоа не ви е потребна некаква формула и нема потребно да ја кажувате гласно; потребен е само правилен внатрешен став во ваква смислa: “Божјиот Благослов да биде секоаш со Вас”. Со вашето Благословување Господ нема да направи ништо погрешно. Додуша ваквиот обичај станал реткост, но би можел да биде од помош.

Во Библијата има многу места каде темата е за благословот. Еве некои типични со различен аспект на благослов: Захарија 8:13; Апостолските дела 3:26; До Ефесјаните 1:3; 1. Посланието на Петар 3:9-12; До Евреите 6:7. Останати места за тоа во Библијата Матеј 5:44одн. Лука 6:28; Римјаните 12:14; 1. Мојсеј (Постанок) 9:1; 5. Мојсеј (Летописите) 11:26; Псалми 115:13; Мудри изреки 11:25.

*) Самото по себе е разбирливо: каде што на пример се благословува оружјето, со таквото “благословување” проблем би имале и самите ангели ....

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Поплакувањето како можен составен дел на христијанската пракса.

Некои строги христијански кругови даваат едностран впечаток дека за христијаните е најдобро да се предадат на сопствената судбина и да не се ангажираат премногу во критиките за развојот на светот. би можеле додуша да се помолат за подобрување или дури пак и самите да направат нешто. Но да се “жалат горко”на Бога за нешто - види за жалењата во Стариот Завет - е реткост. Освен во книжевен вид (“Don Camillo i Peppone”), ретко се јавува кај црквите. Може да се појави кај индивидуална молитва. Иако не препорачуваме христијаните да ја копираат еврејската пракса како кај Ѕидот на плачот во Ерусалим, таа пракса покажува дека жалењето на Бога може да биде многу важен дел од христијанскиот живот.

Доколку карактеристичните христијански вредности и ветувања - на пр. во Беседата на гора Мт. 5:5 "Кротките ќе ја наследат земјата”- ги споредиме со тенденциите кои сеуште доминираат во светот, би можеле да помислиме дека христијаните не би можеле да се носат со таквите ветувања. Библиското ветување не е необрзувачка милост до која може или не мора да се дојде - и таа постои. Ветување е ветување. Времето не нејзиното исполнување може да зависи од зрелоста на луѓето, одн. молитвата.
("Царството небесно на сила се зема”. Мт. 11:12.)

Повеќе не би било јасно поради кој или што би требало да се жали, поплакува. Поради другите луѓе? Или според објаснувањето на некои теолози заради ѓаволските сили кои влијаат во заведување на луѓето. Би можело да се замисли дека секој го носи својот дел на одговорноста. Или би можеле да претпоставиме дека “тоа било допуштено” (со многу човечки размислувања “зашто...”). Меѓутоа дали е самиот Бог тој кој ги “режира” нештата кои можат или не мораат “да се допуштат” и кој ги прави правилата? Би било премногу едноставно злото во светот и секое “допуштување” да се препише на Бога. Во првите векови светите оци - кои црквата ги поштува и денес заради нивните учења - зборувале за традиционална хиерархија на ангели кои стојат меѓу Бог и луѓето итн. Гностиците освен тоа зборуваат и за ткн. “архонти” со често проблематични својства. И други култури на свој начин се занимавале со таквите искуства. Тибетанската книга на мртвите, на пример, е полна со совети како да се стави во коштец со таквите битија после смртта. Што се однесува за основните и важните меѓу-човечки работи, надвор од ситно-душните нешта, еден ден би можеле да видиме дека постои “режија” која и не е без грешки, и се наоѓа пониско од Бог, но во споредба со луѓето и негативните сили сеуште се на повисоко ниво. Оваа произлегува од старото филозофско прашање за “теодециј” одн. односот на Бог кон злото во овој свет (неговото “оправдување”).

Заклучок: Би можело додуша да се жали На Бога затоа што тој е вистинската личност за тоа; меѓутоа не постои смисла да се жали Од Бога . При таквото жалење на Бога би можеле да ги придадеме човечките чувства дури и ако наместо да се жалиме до другите ги изразуваме огорчувањата поради нанесената неправда. (Мт. 5:6). Бидејќи тогаш решавањето се препушта на Бога, ваквото жалење всушност преставува посебен вид на интензивна молитва. Меѓутоа дел од тоа е и љубовта одн. поштувањето на Бога одн. Исус Христос; со тоа се заштитуваме да не паднеме во чиста негативност која што не би не довела до Бог, туку до сосема нешто друго.

Друг пат е најнапред да ги смириме чувствата и со тоа да овозможиме, чиста молитва во која пред Бог се изнесува се во вид на благодарност и молба. Вообичаено да се моли на тој начин сигурно е соодветен став кон Бог. Дозволено е меѓутоа да се жали на Бога на спомнатиот начин доколку тоа е потребно и искрено (автентично).

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Христијански пат и совладување на животните препреки

Кој со Исус како мерка и помош - бара напредок поаѓајќи од сопствените непотполности до ветените особини (спор. ја страната “...Етика”: да не се наштетува, туку да се помогне...), би требал најнапред да стане свесен за сопствените недостатоци во карактерот, направените грешки и престапи наместо за сите расположенија, проблеми и штети да ги обвинува другите (спор. Мт. 7:1 Не судете за да не ви се суди! 2 Зашто судот со кој судите и вие ќе бидете судени. И мерката со која мерите и на вас ќе ви се мери. 3 Зашто ја гледаш раската во окото на братот, а гредата во своето око не ја забележуваш?...). 
Откако бива забележано нешто вакво, ментално или на хартија, треба веднаш да се побара тивок начин на исправување (спор. со нашата глава од главниот текст “Тишина во пустината”), тоа би требало да се изведува на начин како кога нешто се произведува. Значи се испитува сопствениот труд: Притоа може да се работи со соодветни молитви, а помошта може да дојде според верата; Меѓутоа тоа при посериозна и поцелосна пракса треба да биде поврзано со корекции во ставовите и размислувањата, со поголемо внимание на негативните чувства за на крај да има видливи промени во однесувањето. Се се извршува поедноставно доколку и најмалите делови секојдневно се набљудуваат на тој начин и потоа поединечно преминуваат во молитва кон Бога....(Спор.со глава “Светата ревност и гледишта за емоциите”.)
Длабоко закопаните животни навики многу тешко се менуваат затоа што се закотвени во несвесниот слој на сопственоста. Заради тоа на овој пат, е потребно искуствено познание за препознавање на подсвесните и несвесните извори (додуша може да се успее и директно како кај пушачите кои во еден момент со јака волја успеваат засекогаш да престанат со пушењето. Спор. со глава “Идеализирање на Христос”).
Ова “согледување и свесна обработка со помош на молитва” самото по себе веќе би било духовен пат, кој може да одведе многу далеку и некого да го следи во текот на целиот живот; но и пат кој со соодветно интензивно практикување за кратко време може да донесе значаен напредок. За разработка остануваат работите во “подлабоките слоеви”, кои треба да се расчистат, иако во значителна мерка се подобриле. 

Ќе се јави и будењето на совеста ... (спор. Мт. 5,5 и 5,9 …).

(Оваа практика во прв ред може да се употребува кога се работи за подобрување на начинот на однесување, кое психолошки гледано веќе и попрво се наоѓа во рамките на “нормалното”. Доколку се работи за подобрување на состојбата на луѓе, што денес во одредена мерка се сметаат за болни, тогаш нивниот пат би требало да биде следен од страна на соодветен искусен, а можеби и психолошки образуван помошник, зашто во таквиот случај самостојноста во општењето со сопствените проблеми е уште повеќе ограничена отколку кај луѓето кои сакаат сами да ги согледаат сопствените слабости. Доколку некој би бил толку ограничен што тоа не би одело ниту со подршка, таквиот помошник барем како дополнение на терапијата сеуште би можел да се моли за конкретното лице. Предуслов е барањето на помош, зашто и кај Исус е познато прашањето: “Сакаш ли да оздравиш?” Спор. нашата страна “...Оздравување”.)

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Христијански гледишта во поглед на економијата и социјалните прашања.

Најнапред сакаме да спомнеме дека човекот и според најновите истражувања во економијата*) не е такво егоистично битие како што тоа досега се претпоставувало во досегашната теорија од економијата. Само малкумина делувале во потполност согласно своите лични интереси. Другите вредности као доброволната меѓусебна соработка за повеќето преставувало исто така голема и многу често одлучувачки фактор. Тој “взаемен алтруизам” додуша као егоизмот доведува автоматски не само до напредок на целокупното општество туку може и да делува и во смисла на создавање на братства. Тука единствено од помош се само свесните, конзеквентни етички одлуки.

Овде може да се надоврзат психолошките и религиско-етичките гледишта. Човекот е создаден подеднакво како индивидуално и социјално битие. Со соодветна отвореност може да се извежба здрава - не превисока - свест и солидарен став кон ближните. Онаму каде изгледа дека е присутна егоистичната страна, алтруистичката страна или не е добро развиена или пропаѓа преку тврдото “школување” во западните општества. Социјалистичките општества еднострано ја нагласувале солидарноста и наспротив тоа дозволиле слобдоумната индивидуална човечка страна да пропадне повеќекратно - и во тој поглед не соодејствувале на она за што е создаден човекот. Онаму каде што луѓето немаат изедначени односи порано или подоцна тоа ќе се изрази преку критика итн. Или ќе се научат правовремено на нешто, или порано или подоцна се ќе тргне наопаку. Тоа важи и за денешните доминантни видови на економија, карактеристично за глобалните компании. Исус препорачува најнапред да се разјаснат одредени домашни проблеми (Мат. 7).

Вредностите на беседата на гората (Мат. 5-7) ** итн. додуша не можат директно да се преведат во општествени упатства за работа. А сепак би било шизофренички спротивно на Исусовото толкување на пр. да во приватниот живот да се работи според заповедта за љубов кон ближните, а при работните и општествените функции да се употребуваат токму спротивните принципи. Сериозната етика*** мора да биде докажана на сите нивоа и во крајна линија да важи во светот во целост. Вреднувањето на милосрдието и тоа дека Исус практично се обраќал токму кон општествено сиромашните е безсомнение релевантно и над познатите црковни социјални услуги - дури и за човечките односи во склоп на претпријатијата. И Мат. 22, 21 има многу практично значење бидејќи таму Исус со милосрдието го потврдува кажаниот “десеток”, т.е. 10% -от прилог за религиски односно добротворни намени кој постоел заедно со римскиот данок. Волјата за помагање во Исусовата смисла се темели сепак на доброволни одлуки; не е можно да се извлечат директни концепти за присилна прерасподелба. И понатака како и претходно важат заповедите 9 и 10 “Не треба да го посакуваш она ... кое го имаат твоите ближни.” И при сите напори да се подобри социјалната положба кај многумина , сепак различни судбини остануваат во Божјите раце.
Параболата во Мат. 25, 14-30/
Лука 19 ги зема познатите материјални состојби. Контекстот (кај Лука на пр. етичкиот став на цариниците, кај Матеј на пр. во претходната парабола за силната вера на девојката) покажува дека со тоа треба да се увиди нешто поголемо од зголемувањето на материјалните добра т.е. финансиите. Тоа појасно доаѓа до израз на пр. кај Лука. 12/ 33 каде духовните вредности се поставуваат изнад земните. И покрај тоа одговорното однесување кон доверените добра во потполност се однесува и на материјалното. И таму каде на пр. се советува помагање на сиромашните и запоставените таа материјална или финансиска помош добива вредност наместо материјалното да се смета за општо земено безвредно. Работата е тогаш дали Бог или имотот е цел самиот по себе или се работи за нешто поцелисходно - Мат. 6, 24: невозможноста за истовремено да се служи и на Бога и на богатството.
На пр. лажењето и измамата, вршејќи “мобинг”(„ладнокрвно отфрлајќи ги колегите“, „откачувајќи ги колегите“) и реализирајќи проекти кои претходно не биле проверени дали штетат на (не криминалните) луѓе и без притоа да се консултира со засегнатите лица, не е одговорност на заедништво кое Исус постојано го демонтрирал. Исус не зборува ниту за “вродените неопходности”, како изговор за секој неуспех . 

Во Исламот е познато дека е забранета каматата. Евреите и Христијаните можат во Библијата и самите да пронајдат слични совети (тоа во Стариот завет се забраните):
Езекил 18:8 и 9: "Кој не позајмува со добивка и не зема (друг превод: претеран) додаток, раката ја чува од лоши дела, суди според вистината, ги следи моите наредби и ги пази моите закони, постапувајќи според вистината - таквиот навистина е праведен и тој ќе живее, слово е од Господа." Види и Езра 7:24 (забрането земање на данок, такса и царина за одредени занимања); Во Мудрите изреки 28:8 понекогаш на погоден начин се толкува дека натрупаното богатство не смее неправедно да се употребува, зашто на крај тоа се враќа на сиромасите. Онаму каде парите денес повеќекратно се користат токму против интересите на сиромашните одн. општите блага не се во склад со горниот стих. За да се исполни претпоставката на стихот за структурата на вредноста, важно е за што се трошат парите.
Во поглед на каматите, во Новиот Завет , видете во Мат. 23:23 и пак Мат. 17:24.
Најинтересно за овој елаборат е што дури и тогаш може да биде вредно за размислување, кога се напушта референтната рамка во која настанал Стариот Завет. Поради тоа овде нема подробно да се занимаваме со Летописот 23:20.

Библијата се придржува до тоа да не прави непотребни долгови (поуки 22:7), и да планира долгорочно. (поуки 21:5), како и со тоа да поучува на мудрост и да учи на разум (на пр. поуки 4:5-8). Луѓето посакале да штедат, веќе спомнатиот “десети дел” треба секоја година да се заштеди за да со тоа би можело да се патува на религиозни прослави и да се купат поклони. (5. Мојсеј 14:22-27). Павле барал од христијаните секоја седмица да оставаат по нешто, за да според потребите на другите христијани им се помогне во бедата (1.На Коринтјаните 16:1,2), и им дава совет да имаат умереност во општењето со земните добра. (1. Тимотеј 6:8) Исус поаѓа од тоа дека прво мора да се пресмета дали има доволно пари пред да се почне на пр. со некој градежен проект (Лука 14:28). Одржливата економија и денес е тражена како терапија и превентива: приватната, комерцијалната и јавната презадолженост преставува причина за глобалната нестабилност. Интернет страната Патишта на Исус за служи на никакви политички цели; поради што овде се даваат само воопштени гледишта.

*) Така тврди Егнест Фер, директор на институтот за емпиричко истражување по економија на Универзитетот во Цирих, од интервјуто во “Спектар на науката” март 2002., “Реципрочен алтруизам...”.
**) Овие вредности во духовен поглед се објаснуваат во главата за беседата на гората од нашиот главен текст - дел 1.
***) Види ја и нашата глава “Основи на етиката”.

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Општи христијански гледишта спрема општеството и политиката*).

Мат. 22, 21; Мар. 12, 13-17; Лук. 20,20-26: "Дајте го царевото на царот, а на Бога Божјото” е реален став во поглед на плаќањето на данокот на римската власт. Во неа се покажува јасна разлика меѓу државните и религиските функции. Овде на се мисли на тоа да се има начелна понизност кон власта; Апостолски Дела 5, 29: "...Повеќе треба да му се покорува на Бога отколку на луѓето”. Складно на тоа Исус не збори за “вродени потреби” како изговор за секој неуспех.

Од една страна скалата на општите вредности во беседата на гората (Мат. 5-7) итн. не може непосредно да се пренесе во општествените упатства за работа. Би било спротивно на Исусовото толкување да се работи со љубов само во приватниот живот кон ближните, а во јавните или политичките функции да се користат спротивни принципи. Сериозната етика*** мора да биде докажана на сите нивоа и во крајна линија да важи во светот во целост.

Во контекст на вистиност и одговорност која ја демонстрира Исус, би било на пр. недозволено еден човек да се пробива на нечесен начин преку соперниците; да се кажува лага во јавноста; да се изведуваат проекти за кои не е истражено дали се штетни за (некриминалните) ближните, или без да се консултира со засегнатите. Така да Христијанското ангажирање може да тражи и самостојно размислување кое го надминува едноставното размислување како “лево/десно” размислување.

Мт 7:3-5 “...извади ја најнапред гредата од своето око па потоа ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на братот твој”, очигледно ова не се однесува само за сопствените слабости - а тој е впечатокот кои го оставаат некои Христијански кругови. Кога би ни станала животна навика секогаш да поаѓаме од себе - тогаш послободно, т.е. без да ги проектираме сопствените вини на другите, би ги опоменувале одн. критикувале другите онаму каде тоа е потребно. Ова се однесува како на личното опкружување така и на политичарите.

Пророчки совет наоѓаме кај Јеремија 29, 7: "Барајте мир во земјата во која ве прогонив, молете се за неа на Господа, зашто на нејзиниот мир почива и вашиот мир!” Ова во најопшто значење, е близу на смислата да се одлучува во полза на заедницата. На Христијаните преку Мат. 5, 13, Мат. 13, 33 итн. им се става на срце да се бават за заедницата и да бидат “сол на земјата”.

Но и за Христијаните може да има ситуации кога ќе мора да се одалечат од општествените неприлики: Јовановото откровение 18, 4: Слушнав и друг глас од небото: “Излезете од неа (градот Вавилон), народе мој, за да не ве досегнат нејзините зла и за да не заедничарите во гревовите нејзини!”

*) Оваа web-страница нема политички намери. Овде во оваа тема се даваат само воопштени побуди.
**) Види ја и нашата глава “Основи на етиката”.
Види ја и главата “Христијанските гледишта за економијата и социјалните прашања”.

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Христијанството и филозофијата: За Хабермасовиот говор “Верата и знаењето” *).

Филозофот и проф. др. Jürgen Habermas ***), досега сметан за атеист, ја препознал важноста на религиските идеи како корен на вредноста и социјалната ускладеност во светскиот поредок. Создадениот човек, како верна слика на Бога, со способност и право на слобода - како што он се проценува себе си - би можел нешто да каже и на “Религиски немузикалните”. Светот останува зависен од помирувањето и од проштевањето - значи од вредностите кои извираат од религијата. Се повикува на “Страдањето на невините, обесправените и убиените кои во човечките способности ги надминуваат сите мерки на обновување”. “Изгубената надеж во Воскресението остава значителна празнина” (во секуларните општества).

Кај освестените Христијани Хабермас пронаоѓа важни особини кои би требале да им послужат на светските мислители.
-
Религиската свест, во склад со спознавањата, мора да обработи “дисонантни” средби со останатите конфесии и религии. Напомена: На запад секако може да се забележи одредено ограничено цивилизирано општење. Гледиштата кои се битни за екуменијата или меѓурелигискиот дијалог, се наоѓаат на разни места од главниот текст и на неколку дополнителни страни, на пр. во врска со црквите и етиката.
-
Понатаму мора да се прилогодува не научните "авторитети". Напомена: Од гледиште на оваа web-страна, поголемиот дел од научната јавност не е во тек со најновите истражувања или пак поради економски и други интереси тоа не го прифаќа. Поради тоа, овој вид на авторитет е двостран за многу прашања. И кај научната област нема доволно интердисциплинарна отвореност и го нема потребниот плурализам. Тоа исто важи токму и за најважните прашања кои се однесуваат за сликата на човекот како на пр. Во генетската техника (Проблематика која и Хабермас ја спомнува); па и во останатите природни науки. Со таквиот проблем се фаќаме во коштец на повеќе места во нашиот главен текст од чекорите во Евангелијата. Се резбира дека е неопходен дијалог меѓу религијата и науката. Според нашите искуства би морало да се вклучат и најновите струи во природните науки**), т.е. “истражување од надворешните” итн. Дополнително, од религиско гледиште, видувањата мора да произлегуваат од свесно, опитно, длабоко религиозно искуство, а не од само обично теолошко сувопарно филозофирање. Само на овој начин можа да се одбегне неразбирањето поради "промашувањето на темите". Поради тоа се потценети досегашните дијалози на база на застарените научни парадигми (базични претпоставки, слики за светот) односно ограниченото видување на Христијанството. И Хуманите науки може да профитираат од таквиот процес во кој човекот повторно станува човек, неговата душа бива душа наместо обично хемиско функционирање на мозокот. -Религиозната свест мора “Да пушти примеси во уставотворната држава...”. Се покажува до колкава деструктивност на религијското подрачје би можело да дојде без ваков чекор. Напомена: Таквото прилагодување на современите Христијани кон вредностите според сопствениот ум, делумно е чекор кон состојбата слична на онаа пред Христијанството да стане официјално религија пред 325-та година после Христа.

Додека Христијанскиот т.е. религиозниот дел од човештвото во општењето со останатиот дел преку световните установи се прилагодувале на нивниот јазик, според Хабермас, и овој вториот секуларен дел би теребало до го промени јазикот на комуницирање со религиозниот дел, наместо да се дообјаснуваат во стилот “што тие мислеле”. Секуларното мнозинство во прашањата кои се важни за верниците не би требале да ги протуркуваат мнозинските одлуки без сериозна проверка на она што и самите би можеле да го научат од забелешките на другата страна. Напомена: Само тогаш научниците, политичарите итн. во разговор со христијаните навистина би можеле да се прилагодат “кон нешто конкретно” во смисла на поимот за “зачувување на созданието”,“создаденото”,“човекот” итн. наспроти поимите како на пр. космосот. биосфера, екологија, живи суштества, хомо сапиенс.....

Хабермас полага надеж во посредување на “трета страна” помеѓу религијата и науката: во “демократски освестен здрав разум” во “постсекуларно општество” кој се прилагодува на понатамошно постоење на религиозни групи. Напомена: На пример во Германија ова не функционира добро, или пак само ако во дискусијата повеќе или помалку се вклучени големите цркви. Религијската активност на поединецот на пример во САД привлекува поголемо внимание; меѓутоа религиските вредности во тамошното секуларно општество се јавуваат во таков облик што едвај можат да се препознаат.

*) ФАЗ/ СЗ 15.10.2001 или германски текст на интернет
**) види ја и нашата страна
"Науката и верата во Бога”.

***) Напомена: Хабермас и другите филозофски правци:
Jирген Хабермаs заедно со Teodor В. Aдорно иХерберт Маркузприпаѓаат на „франкфуртската школа", која со својата "критичка теорија" влијаела на студентското движење од 1968. година и тогаш вклучувала модифицирани и неомарксистички, просветителски и атеистички начин на размислување.
Од конзервативниот филозофски и теолошки поглед од 1969 година, особеноГинтер Рормозерја критикувал теоријата и праксата на движењето од 1968 година. Неговата “утопија” ја гледал као замена за религијата ( и со тоа конкуренција на црквената “наука за оздравување / есхатологија”) , па наспроти тоа се обидувал на пример да го спаси старото августинско учење за “Двете (Божји) царства”- религијата и државата.
Застапниците на франкфуртската школа како и нивните конзервативно-христијански, економско-либерални противници - употребувајќи ги еднострано аргументите едни против други, одн. обострано си ги опишуваат опонентите како обединета група, единствен блок. Така да едните ја испуштиле приликата диференцирано да го побараат она што вреди да се сочува од традиционалната структурна вредност; а другите пропуштиле диференцијално да го согледаат она што кај новите социјални движења било оправдано - “еманципирачки” - мотив. Многумина во Германија и на други места, од тогаш направиле сопствен напредок во таквата дискусија, зашто многумина повеќе не биле подготвени за присилување кон старата “борбена линија” од 1968. година. Меѓутоа истражувањето не напредувало подеднакво - сеуште се јавуваат книги во кои сето зло се прикажува како дело на опонентите, додека истомислениците и оние кои се на иста страна се прикажуваат скоро како безгрешни.

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Општи Христијански гледишта за еколошките прашања*).

Во Постанокот 1:26-28 “И Бог рече: Да направиме човек според наше подобие, да господари на земјата..."**) во никој случај не значи - како што тоа се прави практично - човекот да се однесува неодговорно кон околината. Овде се работи за првобитната Божја цел при создавањето на човекот каде на крај како врв на квалитетот ќе биде “човековото обожување” т.е. човекот со божествени својства. Затоа овде се работи за природниот авторитет на човекот кој можел да “дава имиња” на другите битија и да се однесува одговорно со нив. Постанокот 2:15 вака ја формулира таа одговорност: “Господ, Бог, го зема човекот и го постави во едемската градина за да го обработува и да го чува.” Ова “чување” се однесува на живото создание кое и понатаму се развива. Човекот потоа (спор. го пишувањето за рајот) отстапил од ова единство со Бога и неговото создание и постанал егоистичен. Бидејќи темелот пропаднал, човекот мора одново да ги изгради сите духовни темели наместо да се потпира на полномоштвото кое го имал во рајот.

И во Новиот завет созданието се смета за битно: Кај Римјаните 1:20 се кажува дека “Уште од создавањето на светот, сводот небесен и сето создание, јасно говорат за делата Божји”. И повторно кај Римјаните 8:19 "Навистина ви велам, целото создание нестрпливо го очекува објавувањето на Синот Божји” (друг превод: “избавените луѓе”, т.е. усовршените луѓе). Од посланието до Римјаните 8:22, знаеме: целото создание заедно воздивнува и се мачи во родилни маки се до сега. кај Марко 16:15 и им кажа: Идете по сиот свет, и проповедајте го ова евангелие на целото создание. (в. исто така кај Колосјаните 1:23).
Сега ни помага Исус Христос. меѓутоа не ни ја одзема нашата одговорност кон ближните, туку им помага на луѓето “да постанат совршени како што е совршен нашиот Отец Небесен”(Матеј 5:48),т.е. онака како што тоа било и замислено на почетокот - да ја познае својата одговорност.**** Дури со тоа треба повторно да дојде до обединување на созданието. Услов за тоа преставува прифаќање на таквата помош. Патувањето на човекот без Бога кај Римјаните 1:20 се нарекува и “неопростиво”
.

Во Откровението кај Јован (за неговиот карактер видете го делот 2 од нашиот главен текст), меѓу другото се набројуваат и катастрофалните развои кои може да го погодат човештвото одн. и природата воопшто. Сите настани кои се опишани таму, како Божји корекции, никаде не се прикажуваат како позитивни одн. како реални Божји намери; Во Откровението не ги подржува ниту им опростува на луѓето кои допринеле за одумирање на видовите или за други видови на катастрофи. ***) Спротивно на тоа во Откровението се гледа критички на цивилизацијата.

Но и покрај тоа Откровението не ја менува позитивната визија од Новиот Завет, на пр. молитвата на гората (Мат. 5 "Кротките ќе ја наследат земјата...”).

За “Креационизмот”, особено раширен во Англиското говорно подрачје: нашата страна не подржува ниту една врста на -“...изм”. Создавањето на светот и човекот сепак укажува на Божествената мудрост, а не на толкавата чиста случајност. Види ја и нашата страна “Науката и верата во Бога". Дозволени се и некои сомнежи за некои несигурни археолошки одн. податоци за историјата на земјата. Но оние кои “7 дневното создавање” во Постанокот, го разбрале како денешните 24 саатни денови, тоа би требале да го препознаат како толкување: Вербата не треба да стои или да паѓа поради тоа. Денешните денови ја претпоставуваат создадената земја со нејзината ротација, кое што во почетокот не постоело. И Библијата збори дека ”За Бога илјада години се како еден ден". 7-те дена се разбира би значеле нешто реално, на како “периоди”, “циклуси на создавање” без детално дефинирано времетраење. Набљудувајќи ги најопсежните процеси во созданието, најкратко објаснети, во светло на новите откритија, би можело да стане подеднакво неодржливо како при археолошките заклучоци. Во Библијата се забележува дека Бог им се јавува на луѓето и пред Мојсеј, како на Енох и на Ное. Нашето денешно четиво околу созданието би можело да посегне и за старото усно, а потоа и пишаното предание од таквите - вистински - извори, кои во дел се сочувани и во другите култури. На истражувањата им се познати на пр. забележливите сличности со Сумерскиот еп за Гилгамеж. Тоа не значи дека Постанокот мора да се препишал од таму, но не потсетува дека Авраам потекнувал од Месопотамија. 

*) Оваа web-страна нема политички намери. Поради тоа овде се дискутира за општите гледишта, а не како советување за моменталните политички прашања.

**) Тоа би можело да се смета како посебен вид на Пан-ен-теистичко гледиште (“Бог можеме да го пронајдеме и во неговото создание”) - не треба да се помеша со пантеизмот ("Бог е се"). Најдиректниата релација меѓу Бог и созданието овде настанува со помош на човекот (спор. и Јов 14:21, 14:23, 15). А тоа станува практично и корисно само во онаа мерка во која човекот станува за тоа свесен и се повеќе станува сличен на Христос. И радувањето во созданието може да води кон Бога; но при таква мистичност во поглед на созданието можни се многу погрешни патишта при кои Бог би служел во лична корист, за остварување на сопствени материјални желби. Update English / Deutsch.

***) Ова на пример не е јасно на сите во САД.

****) Можностите за развој на свесноста се преставени детално во дел 1 од нашиот главен текст, врз основа на разните фази од животот на Исус. Денес, на пример, една личност може свесно да научи – за разлика од порано, повеќе со инстиктивни средства – за повторно поинтезивно да ги препознае врските со неговото или нејзиното окружување и околина и земјата. На тој начин, тој или таа може да стигне до "меѓусобно поврзано размислување" (употребуван израз од Фредерик Вестер, иако на друга основа), или "повеќефакторно размислување" (израз употребуван од Дорнер за проучување на комплексни еколошки односи), наместо поодминато "линеарено" или "едно-причинскио" размислување ("1 причина → 1 ефект"), кој неможе да се примени во овој контекст. Види ги исто така следниве страници: "Свест, Мозок и Човечката Слободна Волја", "Основи на Етичките Вредности", "Општи Христијански Гледишта за Економски и Социјални Прашања", "Општи Христијански Гледишта за Општество и Политика", "Христијанство и Филозофија..."

Погледајте ја и нашата страна “Основни етички вредности".

Враќање на соодржината на оваа страна.

 

Нероден живот*.

Почетокот на човечкиот живот.

Конзервативните и Критички настроените Христијани имаат согласен став дека човечкиот живот започнува со зачнувањето. Библијата на повеќе начини го прикажува човечкиот живот како целина; од божествениот извор на животот - преку течењето на животот низ генерациите - вклучувајќи ги разните развојни индивидуални степени. Библијата не збори за “живот без вредност одн. без човечко достоинство” во било која доба пред раѓањето или во било која состојба, во старост или болест.

Проф. Бакле наведува во “Прирачник на христијанската етика” од историјата на некои теолози - во оригиналните текстови кои делумно не можат да се најдат - наместо зачнувањето како важна временска точка да биде непосредно после тоа (нидација). Современите природни науки, повеќето овде сакаат да бидат ослободени од вредноста. И научните пронаоѓања ги покажуваат само течните преминувања помеѓу стадиумот на оплоденото јајце и возрасен човек. Без оглед на дадени теории во врска со почетната точка на човечкиот живот, сите тие се чисто произволни. Така на пример ембриологот Erich Blechschmidt збори: Дека Haeckel-овиот “Биогенетски закон”, според кој ембрионот ги повторува животните етапи од историјата на еволуцијата, е застарен: секој орган се развива плански според својата улога во човекот. Реакциите на ембрионот денес може да се снимат со ултразвук. Генетичарот за луѓето, проф. L. Lejeune исто така нагласувал дека веќе и во гените на оплодената јајце клетка се содржи план за организмот на возрасниот човек; Може да кажеме дека постои физички пандан на тој план. Сродни спознавања постојат и кај истражувањето на мозокот, кај еволуциската неврологија и психологијата. При целосни и непристрасни испитувања се воочува постоењето на свеста и сеќавањето дури и при најраните стадиуми од животот.

На таков начин ваквото вреднување на животот дава одредено значење и надвор од границите на религиозните кругови.

Меѓутоа друго прашање е практичното уважување на тие гледишта.
Заповедта “Не убивај” - Егзодус 20 - во времето на Стариот Завет се разбирала во смисла “Не прави убиство”; при што потоа се смениле преставите за тоа што е убиство, а што убивање. Во поширока смисла, оваа заповед стандардно се применувала на целокупниот човечки живот а вегетаријанците и на животните. Модерниот пристап во меѓу религискиот “светски етос”** како репер ја содржи “културата на почитување на сиот живот”. Во секој случај - како што се случува во секое сериозно советувалиште за родилки, дури и кога се сака да се потикне раѓањето деца и кога истите даваат помош - треба сериозно да се земат во предвид индивидуалните животни ситуации на конкретните лица со сите потешкотии, стравови, неприлики и итн. наместо паушално да се осудуваат сите кои се одлучуваат на абортус. Во повеќето случаи на жените воопшто не им е лесна таквата одлука. Треба да се размисли за соодговорност и на мажот и околината, а не проблемот едноставно да се префрла на жената. Кога тежнееме кон намалување на абортусите и во крајна линија нивно исчезнување, освен индивидуалните настојувања особено е важно и олеснувањето на животот со детето од страна на општеството, значи да се отстрани главната причина за абортуси - да се помогне на социјално загрозените наместо да се натежнува врз нивната беда.

Правни прашања*.

Исус Христос на луѓето им ја промовирал свесната одлука за етичкото, морално поведение наместо тоа да се исполнува поради законот или обичаите, како што е тоа случај во Стариот Завет. Правните норми може да ги регулираат етичките прашања, како што тоа се случувало во сите области од животот.
Казнените прописи (како Германскиот & 218), било да се строги или либерални, во меѓународната споредба имаат мало влијание врз абортусите. Согласно на тоа, како што беше напомнато, за решавање на тој проблем потребни се други настојувања.

Поврзаноста со генетскиот инжинеринг и медицинското оплодување.

При меѓународните научни истражувања и вештачкото оплодување постои “потрошувачка на ембриони”, која на пр. Германскиот закон за заштита на ембрионите се обидува да ги ограничи. Предимплатационата дијагностика (ПИД) предизвика ново искушение кое создава дополнителни причини за абортус.

Последици врз другите области.

Онаму каде се сака да се заштити животот, потребно е да се предочат опасностите на кои се изложен родениот живот или израснатите личности - а особено ризикот од опасности на кои е изложен родениот и неродениот живот во исто време. Еколошките опасности ги погодуваат и мајката и ембрионот, кои и се поосетливи од возрасните особи. Грижниците за животот многу често поминуваат преку тоа, како и многумина кои се залагаат за заштита на животната околина а не ги загрижува проблемот со прекин на бременоста, кое на пр. Франз Алт го критикувал 1985. година.

*) "Патиштата на Исус Христос” не е политичка web-страна. Овде не се пишува против никого и не се поставува политичко барање, туку едноставно информираме за општите стандарди.

**) Меѓу другото посетете ја и нашата дополнителна страна “Основи на етичките вредности”.

 

Враќање на соодржината на оваа страна.

 За дел 1 во врска со чекорите во Евангелијата.  /   О 2. дел: Чекори во Откровението.   /   О 4. дел: За Стариот Завет, и допринос кон дијалог со другите религии.

е-маил wаys-оf-christ.cом : Доколку е можно ве замолуваме да напишете на Англиски или Германски јазик. Во спротивен случај напишете во кратки реченици и назначете на кој јазик пишувате.

Враќање на почетната страна.

 

Упатување на други верзии и права.

Други страни на Интернет може да се најдат под http://www.christuswege.net (германски) и http://www.ways-of-christ.net  (англиски). За останатите јазици види Homepage. Германскиот и Англискиот текст на Интернет редовно се актуализира и содржи страна на “промени” како и додатна страна. Дозволено е печатење на страните од Интернет и проследување на копии со неизменета содржина. Проверка на преводите од други јазици не се прави секогаш.

Користените кратки цитати од Библијата и напомените - преработени на основ на разни преводи - се додатоци за соодветните глави на главниот текст. Таквите карактеристични места меѓутоа неможе да бидат замена за попратна студија или медитациски материјал за цели глави од Библијата или делови од Откровението. За такво нешто се препорачува Библијата или Новиот Завет.